Понуда за Шешко до Лајпциг стигна и од Манчестер Јунајтед!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед и официјално се вклучи во трката за Бенјамин Шешко и денес до РБ Лајпциг испрати понуда вредна 85 милиони евра, вклучувајќи бонуси, јави „Билд“.

„Ѓаволите“ го забрзаа својот интерес по понудата на Њукасл, кој во понеделникот достави пакет вреден 90 милиони евра. Сега топката е кај самиот фудбалер, кој ќе мора да донесе конечна одлука за својата иднина, а за очекување е Лајпциг да прифати било која од двете понуди и да ја испочитува неговата желба.

Шешко е еден од најбараните напаѓачи во летниот преоден рок, па германскиот клуб веќе јасно стави до знаење дека нема намера да го пушти евтино.

Јунајтед е во потрага по нов голгетер, а 21-годишниот Словенец е високо на листата на приоритети. Понудите до Лајпциг се на маса, па се очекува одлука и разврска на ситуацијата во наредните денови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×