Академија Пандев во последната минута пропушти победа против Работнички

by
0 минути читање

Академија Пандев со гол на Балдовалиев во 52. минута имаше водство од 1-0 против Работнички и беше на прагот на нова победа, но во 94. минута гостите преку Жуниор дојдоа до изедначување на 1-1.

Шкендија со хет-трик на Хасани и еден погодок на Бејтулаи, со убедливи 4-0 го победи Скопје и ја оправда улогата на голем фаворит.

Убедлив триумф славеше и Шкупи над Ренова победувајќи со 4-1. Силекс со 2-0 ја совлада Победа на нејзин терен.

Денеска со почеток од 18 часот се игра големото дерби помеѓу Вардар и Победа.

Фото: ФК Работнички

Можно е и ова да ти се допаѓа

×