Брера за нов спортски директор назначи поранешен репрезентативец на Македонија

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Брера денеска го назначи поранешниот македонски репрезентативец, Зоран Балдовалиев за нов спортски директор.

Балдовалиев пристигнува со искуство зад себе во Македонија и странство, а потекнува од струмичката фудбалска школа и ќе се обиде да помогне да придонесе за подобри резултати во новата сезона.

,, Се заблагодарувам на раководството за укажаната чест да бидам спортски директор. Ќе се потрудам да дадам свој ангажман во остварување на целите на АП Брера Струмица за оваа сезона како што е овозможување услови за квалитетна работа и професионален развој на секој фудбалер во клубот со подобрување на нашата спортска инфраструктура по добивањето терени во Градско Балдовци . И понатаму како приоритет ни остануваат нашите младински школи кои имаат одличен потенцијал.

Она на што ќе работиме во иднина е мобилизација на струмички деца и градење на силна врска со локалната средина. Целта е да создадеме наши струмички фудбалери кои ќе играат во прва екипа со можност за кариера и во други клубови. Тоа не значи дека во втор план е сениорскиот состав на Брера кој ги започна подготовките во кој донесовме неколку засилувања“, изјави Балдовалиев

Можно е и ова да ти се допаѓа

×