Фуриозни четири минути во Букурешт: Шкендија прими гол, па веднаш возврати! (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

По мирните 20-тина минути од стартот на натпреварот помеѓу ФЦСВ и Шкендија гледавме четири фуриозни минути во кои се постигнаа два гола.

Водство за домаќините донесе Цистои во 28. минута од средбата кога успеа да го матира голманот Гаје, откако претходно одбраната на Шкендија премногу лесно дозволи да дојде до идеална позиција.

Но Шкендија не ја разочара примениот гол и многу брзо веќе во 32. минута по една мешаница Латифи израмни на 1-1.

Ќе потсетиме, Шкендија брани предност од 1-0 од првиот натпревар во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×