Рунавик немоќен во Скопје, Љуботен одлично стартуваше во квалификациите за ЛШ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерките на ЖФК Љуботен имаа одличен старт на квалификацискиот турнир за Лигата на шампионите и денеска на терените на ФФМ славеа победа од 4-1 против Рунавик од Фарски Острови.

Претставникот од Фарски Острови изненадувачки стигна до предност по само 12 минути игра, но тоа само како да ги налути фудбалерките на македонскиот шампион кои до крајот на првиот дел постигнаа три гола за целосен пресврт.

За тетовскиот клуб стрелаа Марковска, Мустафа и Максути. Во вториот дел Љуботен постигна уште еден гол преку Охадиве за конечни 4-1.

Противник на Љуботен во финалето на мини-турнирот ќе биде Пјуник кој денес беше подобар од Софија со 1-0. Победникот на турнирот ќе оди во следната фаза од квалификациите за елитното фудбалско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×