Тетекс промовира четири нови имиња за кам-бекот во ВМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Тетекс претстави четворица нови фудбалери. Клубот од Тетово не мирува во пресрет на новата сезона во која повторно ќе игра во Втората македонска фудбалска лига. Денес официјално потврди четири засилувања со кои ќе се засили конкуренцијата во ростерот.

Дресот на некогашниот освојувач на Купот на Македонија ќе го носат Енис Дервиши, Петар Обадиќ, Марко Стојчески и Рихан Зекири. Сите доаѓаат со искуство, елан и јасна цел да помогнат Тетекс да има конкурентен тим на сите фронтови.

Со нивниот ангажман добиваме квалитет и карактер. Веруваме дека ќе бидат важен дел од нашата приказна оваа сезона“, порачаа од клубот.

Тетекс не знае против кој ривал ќе ја отвори сезоната во ВМФЛ, меѓутоа дозна дека во првото коло на Купот на Македонија ќе игра против Пелистер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×