Модриќ со реакција за „10-ката“ на Мбапе (ФОТО)

by bojan
1 минути читање
Модриќ

Лука Модриќ се огласи по информацијата дека Килијан Мбапе е новата „10-ка“ на Реал Мадрид, Хрватот со емоџи оган ја одобри одлуката на „кралевите“.

„10-ката“ во Реал Мадрид доби нов сопственик, по заминувањето на Лука Модриќ, легендарниот број заврши на грбот на Килијан Мбапе.

Арда Ѓулер и Џуд Белингем исто така беа во комбинација, но раководството на „кралевите“ се решија за најзвучното име во составот.

Со своја реакција вечерва се огласи и самиот Лука Модриќ, кој со емоџи оган покажа дека го одобрува изборот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×