Во трката за Ељиф Елмас се вклучи и шпански клуб!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас би можел кариерата да ја продолжи во Ла Лига, откако Реал Сосиедад сериозно се заинтересира за негов ангажман.

Шпанскиот клуб е во потрага по нов играч за средниот ред, а Елмас е сè повисоко на листата на желби. Реал Сосиедад има добри односи со РБ Лајпциг, што може да биде клучно за реализација на трансферот, а се најавува дека токму оваа недела ќе биде решавачка за официјална понуда. Германскиот клуб нема против продажба на Македонецот, ама очекува да заработи барем дел од сумата која ја вложи во трансферот.

Елмас е еден од најдобрите македонски фудбалери во поновата историја. Сениорската кариера ја започна во Фенербахче, каде блесна како тинејџер, по што следуваше трансфер во Наполи. Во Серија А освои Скудетото и стекна големо меѓународно искуство. Потоа замина во Лајпциг каде што не се изнаигра, а минатата полусезона ја мина на позајмица во Торино, каде постигна 4 гола на 13 натпревари.

Сега е под договор со Лајпциг, но желбата за нов предизвик е јасна бидејќи Елмас сака редовно да игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×