Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона размислува да му ја одземе капитенската лента на Марк андре тер Штеген, причина е спорната објава на Германецот дека ќе паузира три месеци поради операција на грбот.
Барселона и Марк андре тер Штеген влегоа во војна откако „каталонците“ го ангажираа Жоан Гарсија и му понудија нов договор на Војчех Шчесни, со што Германецот стана трет избор за голманската позиција.
Клубот од Камп Ноу се надеваше дека ќе го продаде Тер Штеген во летниот преоден рок или пак ќе го испрати на позајмица, но сето ова падна во вода откако голманот реши да направи операција.
Ситуацијата дополнително ескалираше откако Германецот во својата објава на социјалните мрежи порача дека ќе паузира три месеци, што е под лимитот од четири месеци и неговата повреда нема да со води како долгорочна, а со тоа Барса нема да може да искористи 80% од неговата плата за регистрација на нови фудбалери.
Па во Барселона се водат дискусии за можноста Тер Штеген да остане без капитенската лента.
Како прво, тој ќе го пропушти почетниот дел од сезоната. Како второ, тој ќе биде трет голман, нема да игра, па не е идеално за капитен да се има играч со мала или никаква минутажа.
И како трето и најзначајно, Жоан Лапорта и неговите соработници сметаат дека соопштението не било во интерес на тимот, нешто што е неприфатливо од еден лидер.