Спортинг не верува дека Арсенал може да ја освои Премиерлигата, ова се бонусите од трансферот на Ѓокереш

by bojan
1 минути читање

Спортинг очигледно не верува дека Арсенал може да ја освои Премиерлигата или пак Лигата на шампиони, бонусите од трансферот на Виктор Ѓокереш се поврзани со настапи, голови и пласман во најелитното европско натпреварување.

Виктор Ѓокереш е пред трансфер во Арсенал, но преговорите воопшто не беа лесни, прво запнаа околу висината на трансферот, а потоа околу структурата на бонусите.

„Топчиите“ сакаа бонусите од 10 милиони евра да бидат поврзани со титули во Премиерлигата и Лигата на шампиони.

Но очигледно Спортинг не верува во ваков успех, па бонусите се поврзани со настапи, голови и пласман во најелитното европско натпреварување.

Како што пренесува новинарот Бен Џејкобс, за секои 20 настапи на кои ќе одигра 45+ минути ќе следи исплата од 1,25 милиони евра, и максимум ќе се исплатат 5 милиони евра од овој бонус.

На секои 20 постигнати погодоци ќе се исплаќаат по 500.000 евра, максимум ќе се исплати 1 милион евра од овој бонус.

Обезбеден настап во Лигата на шампиони ќе значи исплата од 1 милиони евра, од ова максимум ќе се исплатат 4 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×