Кевин де Брујне е новото големо име во редовите на Наполи, а белгискиот ас ќе го носи дресот со број 10, број кој клубот своевремено го повлече од употреба во чест на Диего Армандо Марадона.
Де Брујне, кој летово си замина од Манчестер Сити по десет успешни години, откри дека бил изненаден кога му било понудено токму овој број, симбол кој има огромно значење во Неапол.
„Ме изненадија кога ми рекоа дека можам да ја носам десетката. Но не мислам дека тоа ќе ми создаде дополнителен притисок. Попрво, ако играш за клуб како Наполи, притисокот секогаш постои. Сите очекуваат победи и ти си свесен за тоа. Бројот на дресот не го менува тој факт“, вели Де Брујне.
Со оваа одлука Наполи јасно става до знаење дека од Де Брујне очекува да биде лидер на теренот и новиот двигател на тимот во походот кон трофеи.