Седлоски: Нема опуштање, гледаме какви екипи испаѓаат од Европа!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски велат дека фудбалерите максимално ќе влезат на реванш дуелот против Ла Фиорита и покрај убедливата победа од 3-0 остварена во Скопје.

Вардар утре со почеток од 21 часот гостува на Ла Фиорита во реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Конференциската лига. Вардарци имаат убедлива победа остварена од првиот меч, но вела дека не смее да има опуштање.

„Уште по завршувањето на првиот меч им кажав на играчите дека нема опуштање. Гледаме какви екипи испаѓаат од Европа. Да покажеме дека сме дојдени тука за да поминеме понатаму. Резултатот од 3-0 не смее да не залажува. Имаме проблеми, Најдовски, Фаустин, Талевски се повредени. Некои играчи првпат играат вакви мечеви. Нема да потцениме никого, напротив очекувам да го засилиме темпото и да одиграме уште подобро. Резултатот од 3:0 го оставаме зад себе, го забораваме и така ќе влеземе во натпреварот“, изјави Седлоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×