Марјан Ристовски е третото летно засилување на Пелистер, откако претходно пристигнаа Стефан Спировски и Петар Ристиќ.
Крилниот напаѓач се врати во мак-фудбалот по авантурата во грчка Кавала, а сега ги сподели и првите импресии по потписот. Ристовски нагласи дека е свесен за големината на клубот и најави остварување на целите.
„Пелистер е клуб со голема традиција. Јас сум многу среќен што ќе го носам зелено-белиот дрес на овој клуб. Се надевам дека со поддршка од „Чкембарите“ ќе успееме да ги оствариме зацртаните цели за оваа сезона“, изјави Ристовски.
Новиот фудбалер на Пелистер ќе му се стави на располагање на тренерот Димитар Капинковски и ќе конкурира за настап на следните тест натпревари.