Светското клупско првенство во новиот формат заврши, а трофејот го освои Челси со победа над ПСЖ во финалето (3-0).
Ако доминацијата на играчи од Челси и ПСЖ е очекувана, во избраните се најде вистински хит. Станува збор за ветеранот Тиаго Силва од Флуминенсе. Бразилскиот стопер има 40 години, но беше вистински лидер на тимот и го водеше до полуфиналето.