258
Кол Палмер со два гола и асистенција во финалето беше херојот на Челси во победата од 3-0 над ПСЖ по која сините станаа Светски клупски шампиони.
Челси сезоната ја заврши со два трофеи, победија во Конференциската лига и на Светското клупско првенство.
Ова му дава мотив на тимот за борба на сите фронта во наредната сезона. А еден од клучните е секако Кол Палмер.
„Луѓето се сомневаа во нас, не веруваа во нас, зборуваа срања за нас во текот на целата сезона“, рече Палмер по мечот.
„Но да ви кажам, Енцо Мареска гради нешто посебно во овој фудбалски клуб“.