Фудбалерот на Челси, Енцо Фернандез е уште еден во низата фудбалери кои ги критикуваа условите на Светското клупско првенство каде што температурите се прилично високи.
Високите температури предизвикаа реакции кај низа фудбалери, а ФИФПро објави податоци кои покажуваат дека најмалку три натпревари требало да бидат одложени поради таа причина.
Дека имал потешкотии призна и Фернандез кој откри дека во последниот натпревар против Флуминенсе во полуфиналето во еден момент му се слошило.
„Во последниот натпревар во една акција ми се слоши. Морав да легнам на теренот бидејќи ми се вртеше. Да се игра на вакви температури е многу опасно. Со вакви услови фудбалеите на теренот не можат да понудат спектакл каков што сакаат да видат навивачите на трибините“, истакна Аргентинецот.
Ќе потсетиме, Челси на турнирот во САД ќе игра финале против ПСЖ, а тој натпревар на програмата е в недела од 21:00 часот по средноевропско време.
Фото: Chelsea FC/X