249
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас сака да замине од редовите на Лајпциг.
По трансферот во Бундеслигата минатата година Елмас не доби вистинска шанса во клубот. Дека може да игра на ниво се покажа на позајмицата во Торино каде што имаше повеќе од солидни претстави во калчото. Сепак, клубот не успеа да се договори со Лајпциг за откупот и Елмас се врати во Германија.
Сега добро упатениот „Кикер“ пишува дека македонскиот ас повеќе не сака позајмици, туку трансфер.
„Елиф Елмас кој не се изнаигра во Лајпциг, се очекува да замине од клубот ова лето. По позајмицата во Торино, клубовите не се договорија за трансфер. Играчот нема иднина во Лајпциг“, стои во напишаното.