Некогашниот прволигаш со високи амбиции, засилувања и нови тренери цели кон ВМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Еуромилк Горно Лисиче најавува кам-бек, поранешниот прволигаш оваа сезона ќе се натпреварува во Третата лига – Север, но амбициите се јасни: враќање во Втората лига.

Клубот од Скопје веќе работи на комплетирање на тимот и е пред потпис со десетина засилувања. Најзвучни имиња се голгетерот Орхан Мифтар и плејмејкерот Фати Јусуфи, двајцата со сериозно второлигашко искуство. Во Горно Лисиче доаѓа и поранешниот младински репрезентативец, голманот Матеј Андов, како и Бојан Јанев од Кожуф, Матеј Јаневски (повратник од Вардар Неготино) и Никола Анчевски кој исто така се враќа во тимот од Борец.

Важно е што Еуромилк го задржа костурот на екипата, останаа Михаило Митров, Оливер Пеев, Андреј Јаневски и други. На клупата ќе дебитира ново тренерско дуо и тоа Зоран Божиновски и Драги Стојановски, кои доаѓаат од младинскиот погон на Работнички.

Подготовките стартуваат на 3 август на својот терен во Горно Лисиче под рефлектори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×