Лаутаро има порака за Чалханоглу: Кој не сака да остане – нека си оди!

by riste
1 минути читање

По елиминацијата од Флуминенсе на Светското клупско првенство, капитенот на Интер, Лутаро Мартинез даде емотивна изјава која се однесуваше на Хакан Чалханоглу.

Чалханоглу јавно зборува дека сака да го напушти Интер и да се пресели во Галатасарај, а таквиот негов однос не му се допаѓа на Лаутаро.

„Сакам да се борам за најголемите титули. Кон сака да остане во Интер, супер и ајде да се бориме. Кој не сака да остане, може да си замине“, вели Лаутаро.

„Потребни ни се фудбалери кои сакаат да бидат тука. Носиме голем дрес. Потребен ни е топ менталитет, во спротивно те молам, оди си“.

Иако Лаутаро не го спомна името на Чалханоглу, претседателот Бепе Марота брзо потоа потврди дека капитенот мислел на турскиот фудбалер.

„Пораката на Лаутаро за играчите кои не сакаат да останат? Тој не кажа, но јас ќе кажам. Да, тоа беше наменето за Хакан Чалханоглу. Ќе зборуваме со Хакан. Ако има услови да се разделиме, ќе го направиме тоа без проблем“, потврди Марота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×