Неочекуван проблем за Алонсо и Реал: Мбапе хоспитализиран поради здравствен проблем!

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе е хоспитализиран откако му беше дијагностициран акутен гастроентеритис. Францускиот ас моментално се наоѓа со Реал Мадрид на Светското клупско првенство во САД.

Според првичните извештаи од шпанските медиуми, Мбапе се пожалил на стомачни болки и висока температура, по што бил итно пренесен во болница. Медицинскиот тим на „кралевите“ не сакаше да ризикува и одлучи да му даде целосна нега под надзор на специјалисти.

Нема конкретни информации колку долго ќе остане надвор од терените, но неговиот настап на следниот натпревар од Мундијалот за клубови е сериозно доведен во прашање. Ова е сериозен удар за Реал Мадрид, кој веќе се соочува со неколку отсуства, а Мбапе е еден од носителите на играта и најголемите адути на Чаби Алонсо во борбата за светската круна.

Се очекува клубот наскоро да излезе со официјално соопштение околу здравствената состојба на францускиот напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×