205
Заврши одморот на Флоријан Вирц, во наредните денови ќе бидат поминати сите формалности и тој ќе стане фудбалер на Ливерпул за рекорден трансфер.
Трансферот е историски затоа што Ливерпул за да го добие Вирц ќе плати 150 милиони евра. Сума која е највисока во Премиерлигата и трета во историјата на фудбалот.
Се очекува дека во наредните 48 часа Вирц ќе ги мине лекарските прегледи со Ливерпул и ќе стави потпис на договорот.
Неговата плата ќе биде околу 200.000 фунти неделно плус бонуси.