Јувентус со убедливи 5-0 го совлада тимот на Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати, Салцбург со 2-1 беше подобар од Пачука.
Ноќеска беше комплетирано првото коло од Светското клупско првенство, европските екипи дојдоа до победи.
Јувентус одигра одличен натпревар и постигна пет гола против Ал-Аин. Во првиот дел го решија мечот кога дадоа четири голови, а во второто полувреме ја тргнаа педалата од гас и дадоа само уште еден погодок.
По два гола дадоа Коло Муани и Консеисао, а еднаш погоди Јилдиз.
Салцбург со гол на Глоук во финишот од првото полувреме поведе против Пачука.
Мексиканците по десет минути игра во вториот дел израмнија на 1-1 против Гонзалез, но на 15 минути до крајот Онисиво даде гол за победа на Салцбург од 2-1.
Фото: X/JuventusFC