Ливерпул и Баер ептен се ценкале, Вирц ќе стане најскап трансфер во Премиерлигата за само 1 милион

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори од „островото“ пренесуваат дека Ливерпул и Баер Леверкузен си подале рака за трансфер на Флоријан Вирц во зделка вредна 100 милиони фунти, плус додатни 16 милиони фунти (136,5 милиони евра).

Флоријан Вирц е пред преселба на Енфилд, Ливерпул и Баер Леверкузен конечно постигнаа согласност за условите под кои ќе се реализира трансферот.

„Фармацевтите“ нема да ги добијат бараните 150 милиони евра, но затоа актуелниот шампион на Премиерлигата ќе плати гарантирани 100 милиони фунти (околу 118 милиони евра) за услугите на перспективниот Германец, плус додатни 16 милиони фунти (околу 18,5 милиони евра) во бонуси.

Со вакви бројки, Флоријан Вирц не само што ќе стане рекордно засилување на Ливерпул, ќе биде и најскап трансфер во Премиерлигата и „островото“ и тоа за само 1 милион разлика.

Во моментов, најскап трансфер е оној на Моисес Каиседо од Брајтон во Челси вреден околу 115 милиони фунти.

Флоријан Вирц сега ќе треба да ги помине редовните лекарски прегледи, се очекува тоа да се случи следната недела кога фудбалерот ќе се врати од одмор.

ФОТО: fb/Bayer 04 Leverkusen

Можно е и ова да ти се допаѓа

×