8 милиони евра по сезона не се доволно, Рајола поставил нов услов за Донарума да остане во Милан

by
1 минути читање

Џиџо Донарума ги
одработува последните месеци од договорот и раководството на Милан прави
огромни напори да го задржи младиот голман. Но преговорите се тешки бидејќи на
другата страна го имаат Мино Рајола.

Последните
информации велат дека „росонерите“ ја зголемиле понудата од 6 на 8 милиони евра
по сезона, но агентот молчи. Мино Рајола чека да види што ќе направи Милан во
финишот од сезоната и дали ќе биде обезбеден настап во Лигата на шампиони.

Одредени извори
исто така пишуваат дека агентот поставил нов услов, Џиџо Донарума да ја добие
капитенската лента. Голманот верува дека е еден од лидерите во
соблекувалната и сака да добие признание за ова и на теренот со тоа што ќе биде промовиран во прв капитен и ќе ја превземе улогата која сега ја извршува Алесио Ромањоли.

Интересно е тоа што и Алесио Ромањоли е клиент на Мино Рајола, и тој преговара за нов договор, па лидерите на Милан тешко дека ќе ги задоволат барањата на сите страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани