Викендов на
програмата се натпреварите од шестото коло во Премиерлигата, а истото почнува
уште вечерва со дуелот помеѓу Астон Вила и Лидс, завесата од оваа рунда натпревари
ќе се спушти со две пресметки во понеделник.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Како што е редот,
вообичаено ќе направиме еден краток осврт на случувањата од претходното коло, а
ќе наведеме дека изборот кој го препорачавме донесе 65 бода, во коло каде
просекот на освоени бода изнесуваше 60. Ќе заклучиме дека изборот излезе
успешен, а дополнително ќе посочиме дека двајца од селектираните не добија
прилика за настап, станува збор за Алекс Телес од Манчестер јунајтед, како и
заразениот со ковид-19, напаѓачот на Кристал Палас, Џордан Аје.
Претходната
анализа: Огромни се очекувањата од Сон
Од дефанзивната
линија која ја наведовме добро е што Серхио Регилон во третиот меч за Тотнем
успеа да запише асистенција, па иако „Спарси“ од водство со 3-0 на крајот
дојдоа само до реми и резултат 3-3 во драматичниот меч со Вест Хем на свој
терен, левиот бек заокружи четири бода од своето издание.
Понатаму, во
средниот ред речиси исполнето со бодови, освен Хамес Родригез кој во ремито на
Евертон со Ливерпул од 2-2 запиша само асистенција, останатите, Сон ја оправда
довербата погодувајќи на два пати за Тотнем, Рашфорд беше неверојатен во
победата кај Њукасл за Манчестер јунајтед, постигнувајќи гол и две асистенции,
а по еднаш погодија и Мохамед Салах за Ливерпул, односно Каи Хаверц за Челси.
Големо е
разочарувањето во нападот, каде Александар Митровиќ не успеа да погоди од
белата точка за Фулам, а Џордан Аје во пресрет на мечот на Кристал Палас со
Брајтон излезе позитивен на тестирањето за коронавирус.
Најважното во
изборот, капитенот Сон вкупно со своите два гола претходното коло освои 26
бода.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во последниот
воведен дел во пресрет на селекцијата на фудбалери, се префрламе и да ја
проследиме сликата со трансферите во пресрет на новото коло.
Неверојатниот
двоец Хари Кејн – Сон од Тотнем се фудбалерите кои се на водечките две позиции
кај фудбалерите кои се најкупувани во пресрет на 6. коло, по нив следат Џек
Грилиш од Астон Вила, Доминик Калверт-Луин од Евертон, односно Емилијано
Мартинез од Астон Вила.
Во однос на оние
најпродаваните, натпреварувачите во голема мера се ослободуваат пред се’
од стоперот на Ливерпул, Вирџил ван
Дајк, за кого извесно е дека сезоната е завршена по повредата стекната минатото
коло. Понатаму, Кевин Де Брујне од Манчестер Сити не е познато колку ќе
отсуствува поради повреда, па и тој е на оваа листа високо котирајќи, следат
Џејми Варди од Лестер, Хамес Родригез од Евертон, како и Трент
Александер-Арнолд од Ливерпул.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Доколку добро не
следите, ќе утврдите дека уште пред самиот старт препорачавме ротација на Метју
Рајан од Брајтон, како и Алекс МекКартни од Саутемптон во однос на голманската
позиција, станува збор за доста евтини опции кои можат да ви отворат
исклучително подобри опции на останатите позиции. За ова коло ќе го препорачаме
Рајан (4.5) кој пред себе за противник викендов ќе го има тимот на ВБА.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Погоре во однос
на трансферите добро забележавте дека Трент Александер-Арнолд (7.5) од Ливерпул
е еден од најпродаваните фудбалери за ова коло, тоа за нас нема логика доколку
проследиме дека во наредните две кола шампионот пред себе за противници ќе ги
има Шефилд Јунајтед, односно Вест Хем. Шефилд Јунајтед е една од екипите која и
претстои грчевита битка за опстанок сезонава, па и повеќе од веројатно е дека
нема што да бара на „Енфилд“ викендов, а за Арнолд очекуваме најмалку
освојување на клин-шит.
Нелсон Семедо (5.5)
полека но сигурно фаќа ритам во Вулверхемптон по трансферот од Барселона,
фудбалерот кој иако се води како дефанзивец на „Фантази“, во реалноста всушност
настапува како крило, што всушност ви дава уште една опција во средниот ред.
Вулверхемптон има противници по мерка две кола во низа, најпрво ќе се соочи со
Њукасл, а потоа и Кристал Палас, обата меча на свој терен.
Тотнем има три
меча во низа каде е апсолутен фаворит, а сигурно дека Жозе Мурињо по шокот од
Вест Хем на домашен терен ќе бара стабилизација во играта во одбраната, а
големи се очекувањата од Серхио Регилон (5.5) кој претходното коло запиша
асистенција, веројатно е дека за левиот бек претстои успешен викенд на
гостувањето кај Барнли.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Изборот во
средниот ред го започнуваме со неверојатниот Сон (9.4) од Тотнем, па зарем би
можело поинаку? Сигурно не, кратко и јасно. Тотнем гостува кај Барнли, а
гостинот е апсолутен фаворит на таа пресметка, за Кореецот по седумте гола
досега и двете асистенции не треба дополнително што да се говори.
Мохамед Салах (12.3)
е пред нова можност да ги покаже своите голгетерски способности во дресот на
шампионот Ливерпул кој ќе биде апсолутен фаворит во дуелот на свој терен против
екипата која од пет меча освои само еден бод, Шефилд Јунајтед.
Ѕвездата на
Манчестер Сити, Рахим Стерлинг (11.6) погодува два кола во низа, а сигурно ќе
биде фудбалерот од кого најмногу се очекува од гостувањето на „Граѓаните“ кај
Вест Хем, ќе потсетиме дека ланската сезона постигна хет-трик на тоа гостување.
Со не толку
висока цена, Џон МекГин (5.5) е навистина и повеќе од одличен избор од Астон
Вила, екипа која во досегашните четири меча (во првото коло паузираше) постигна
максимален ефект од победи, а МекГин успеа да постигне еден гол, а притоа да
придодаде уште четири асистенции зад своето име. Вечерва Астон Вила ќе ги
одмери силите со Лидс на свој терен, а потоа следи и дуел со Саутемптон исто на
домашен терен, а доколку го проследите распоредот на Астон Вила, ќе се уверите
дека вреди да се инвестира во фудбалери од оваа екипа.
Во изборот од
средниот ред ќе го придодадеме и Јвес Бисума (4.5) од Брајтон, прво поради
чудната цена која е исклучително ниска, второ поради неговата голема
инволвираност во завршните напади на својот тим. Во понеделник Брајтон на свој
терен игра против ВБА, а Бисума ќе има можност да дојде до својот втор гол
сезонава, а сигурно ќе бидеме задоволни и со асистенција од неговото издание.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Доминик
Калверт-Луин (7.7) новата сезона ја почна фантастично, погоди на сите пет меча
претходно, а во гостувањето на Евертон кај Саутемптон сигурно ќе се обиде да
продолжи со неверојатната форма.
Иако големо е
разочарувањето од изданието на Александар Митровиќ (5.9) претходното коло, каде
промаши пенал, сепак, повторно ќе му укажеме доверба на напаѓачот на Фулам од
кого сигурно најмногу ќе се очекува во дуелот против Кристал Палас, иако
Србинот има три меча зад себе каде нема постигнато ниту еден гол, по двата
против Лидс во второто коло.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог состав:
Рајан (4.5); Александер-Арнолд (7.5), Семедо (5.5), Регилон (5.5); Сон (9.4), Салах (12.3), Стерлинг (11.6),
МекГин (5.5), Бисума (4.5); Калверт-Луин
(7.7), Митровиќ (5.9)
Капитен: Салах
Заменик-капитен: Сон
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во крајниот дел
од анализата, ќе направиме и преглед на настаните во генералната лига на
Македонија, каде членуваат по автоматизам сите натпреварувачи од нашата земја,
како и лигата на „24фудбал“.
Во генералниот
пласман на Македонија лидер е Мики Попоски со вкупно освоени 397 бода досега,
имате можност да се запознаете со неговиот избор од претходното коло.
Што се однесува
пак до табелата на „24фудбал“, таму лидер е Славе Гонев со досега освоени 374
бода, имате можност да се запознаете и со неговиот избор од претходното коло.
Среќно до сите
натпреварувачи за претстојното коло, не заборавајте да се приклучите во лигата
на „24фудбал“, кодот е следен: unckad