„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Салах го троши последниот кредит, против Фулам „да се биде или не“

by
11 минути читање

Добредојдовте во
најновото издание од едицијата на „24фудбал скаут фантази“, како помошна алатка
за сите наши натпреварувачи во мега популарната Фантази Премиерлига која брои
над осум милиони натпреварувачи ширум светот, од кои над десет илјади се токму
од Македонија.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Традиционално,
најнапред ќе направиме еден краток осврт за случувањата од претходното коло, а
секако ќе анализираме и за тоа што го освоивме во бодови претходната анализа, а
воедно и тоа што го загубивме.

Претходната анализа: Калверт-Луин може да триплира големи бодови ова коло

Претходната
анализа донесе 83 бода, во коло каде просекот изнесуваше 75 бода, што не е
лошо, меѓутоа од друга страна не е ниту за пофалба, поради фактот што
очекувањата беа над 100 освоени бода, што сигурно беше желба на многумина, која
за жал не се оствари.

Веројатно
разочарувањата не би биле толку големи ако се сумира дека фудбалер кого
мнозинството натпреварувачи му ја доверија капитентската лента беше Фернандеш
од Манчестер јунајтед, кој на два меча освои вкупно 6 бода, што дополнително е
проблем за оние кои ја искористиле опцијата за триплирање на бодовоте.

Понатаму,
разочарувањата исто не би биле големи доколку најтрансферираниот фудбалер
претходното коло, Барнс од Лестер се повреди уште во раната фаза од првиот меч
против Арсенал, за на вториот воопшто да не настапи, а во пресрет на новото
коло да се најде на првото место на листата н најпродаваните фудбалери.

Сол на раната
стави и Салах од Ливерпул, кој продолжи со очајната форма изминатиов период
како и сиот тим на „Редсите“ генерално гледано, меѓутоа позитивното е секако
Сон од Тотнем кој во два меча освои 14 бода, иако можеше многу повеќе, но тоа „многу
повеќе“ му го препушти на Бејл кој воедно беше играч на колото.

Најнегативното
нешто во нашите очекувања, а секако и за многумина други е Калверт-Луин,
напаѓачот на Евертон кој иако имаше два противника по мерка, не успеа да стори
ништо посебно, а на сцена настапи неговиот соиграч Ришарлисон.

Како и да е,
имаше и добри моменти со Дињ од Евертон, кој од два меча освои 14 бода, тука
секако е Диаш кој за среќа погоди на едниот меч за Манчестер Сити па заврши со
12 бода, а не смееме да го заборавиме ниту одличниот Воткинс кој освои иако
скромни 7 бода, неговата константност е забележителна од поодамна.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Пред да започнеме
со самата селекција на фудбалери, накратко ќе ја пренесеме сликата од
актуелната состојба во поглед на трансферите, а забележуваме доста ѕвезди на
листата на најпродавани фудбалери.

Најкупуван
фудбалер за ова коло е Лингард од Вест Хем, кој се покажа како одлично
засилување за „Чеканите“, по него следи Маунт од Челси кој игра во фантастична
форма, а водечката тројка на оваа листа ја заокружува Де Брујне од Манчестер
Сити.

На листата на
најкупувани фудбалер за ова коло се најдоа уште Сон од Тотнем, како и Гундоган
од Манчестер Сити, тим кој има два меча ова коло.


Што се однесува
пак до листата на најпродавани фудбалери, таму на првото место е Барнс од
Лестер, кој претходно беше во една сосема поинаква слика по ова прашање,
меѓутоа овој пат е повреден, и тоа на подолг период.

По Барнс, следи и
неговиот соиграч Медисон кој исто така е повреден, а со ист статус е воедно и
Грилиш од Астон Вила.

Понатаму, место
на оваа листа, изненадувачки, има и за Фернандеш од Манчестер јунајтед,
веројатно поради дербито на гости кај Манчестер Сити, но и поради лошата форма
на Португалецот изминатиов период. На оваа листа се најде и Калверт-Луин од
Евертон кој разочара голем број натпреварувачи минатото коло.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Двата меча за
Манчестер Сити, односно дуелите против Манчестер јунајтед и Саутемптон нам ни
даваат со право да очекуваме двоен клин-шит за „Граѓаните“ кои имаат низа од
дури 21 победа, а нема дилеми дека единствениот кој не е во лудите ротации на
Гвардиола е Едерсон Мораеш (6.1).

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Очекувајќи бодови
од клин-шит, ќе ја заокружиме дефанзивната линија дополнително со двајца
членови на Манчестер Сити, а првично ќе го селектираме Рубен Диаш (6.1) кој
иако имаше тежок старт во дресот на „Граѓаните“, откако се адаптираше бележи
фантастични перформанси кои ги заокружи со еден гол минатото коло.

Тешко дека во
моментов има подобар двоец во Премиерлигата што се однесува во одбраната од
Стоунс-Диаш, па така ќе му укажеме доверба и на Џон Стоунс (5.2) кој исто како
и неговиот соиграч, и тој постигна гол минатото коло, што нам ни дава убава
увертира за ова коло, иако едниот од предвидените два меча е всушност дербито
со Манчестер јунајтед.

Бекот на Астон
Вила, Мет Таргет (5) е исклучително евтин во поглед на цената, меѓутоа доста
исплатлив, ако се земе во предвид фактот што се наоѓа на седмото место кај
дефанзивците генерално по освоени бодови досега. Астон Вила на домашен терен го
пречекува тимот на Вулверхемптон, а домаќинот има можност да се рехабилитира од
поразот кај Шефилд Јунајтед минатото коло.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Веројатно е дека
многумина се согласуваат во тоа дека мечот со Фулам на домашен терен е да се
биде или не за Ливерпул, но и за Мохамед Салах (12.6) кој целосно се вклопи во
сивилото на „Редсите“ кои имаат низа од пет меча порази на свој терен, но,
судејќи по тоа што Египјанецот може да погоди тогаш кога најмалку очекувате,
претпоставуваме дека ова е вистинскиот момент кога офанзивецот би можел да се
врати на својот препознатлив колосек.

Можеби за
многумина нашиот избор ќе биде чуден и ќе остави низа дилеми, но за ова коло би
ја препорачале и првата ѕвезда на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг (11.3), чија
цена е навистина висока, но со оглед на малата застапеност кај натпреварувачите
(7%), Габонецот би можел да направи добра разлика.

Герет Бејл (9.3)
испорача 14 бода во двата меча претходното коло за Тотнем, па очекувањата од
Велшанецот за момент пораснаа на повисоко ниво, а дуелот со Кристал Палас на
домашен терен ќе биде убава можност за малкумината кои го имаат во својот тим
да направат разлика во однос на останатите. Инаку Бејл претходното коло
постигна два гола и една асистенција, а вкупно во двата меча освои фантастични
21 бод, што беше доволно за да биде играч на колото на Фантази.

Матеус Переира (5.4)
е вистински мотор за ВБА, исто како и лани во Чемпионшип дивизијата на
Островот, овој пат на еден доста потежок начин, но со пет погодоци и четири
асистенции е вистински лидер на составот предводен од Сем Алардајс кој до крај
го чека грчевита битка за опстанок во елитното друштво. ВБА ова коло на домашен
терен го пречекува Њукасл, еден од директните ривали за опстанок, па за
очекување е домаќинот да фрли се
на една карта на овој меч, а од Бразилецот Переира сигурно ќе очекуваме и
бодови.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Напаѓачот на
Лидс, Патрик Бамфорд (6.8) ги замолкна дури и најголемите песимисти околу
неговите квалитети за Премиерлигата, постигнувајќи фантастичен учинок од 13
погодоци досега, а има уште и осум асистенции, па во моментов е на второто
место по бодови кај напаѓачите. Викендов Лидс гостува кај одличниот сезонава
Вест Хем, а ние очекуваме отворен меч на обете страни.

Оли Воткинс (6.6)
и Астон Вила пред себе ова коло ќе го имаат Вулверхемптон на свој терен како
противник, а за напаѓачот тоа е можност да им се врати на погодоците по цели
четири меча пауза, пред тој период на пет меча постигна четири погодоци.

Очекуваме отворен
меч помеѓу Вест Хем и Лидс, па така ќе го селектираме Михаил Антонио (6.5), напаѓачот
на домаќините кој има низа од два гола во серија во последните две кола, од кои
едниот беше против Тотнем, а другиот против Манчестер Сити.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Предлог-состав: Едерсон (6.1); Диаш (6.1), Стоунс (5.2), Таргет (5); Салах (12.6), Обамејанг (11.3), Бејл (9.3),
Переира (5.4)
; Бамфорд (6.8),
Воткинс (6.6), Антонио (6.5)

Капитен: Салах

Заменик-капитен: Бејл

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Како што е
вообичаено, анализата ја завршуваме со актуелната состојба на табелите во
генералниот пласман на Македонија, како и табелата во лигата на „24фудбал“.

Во генералниот
пласман на Македонија лидер е Александар Чангов со досега освоени 1838 бодови,
имате можност да го проследите неговиот избор од претходното коло.

Што се однесува
пак до табелата во лигата на „24фудбал“, таму лидер е Славе Гонев со досега
освоени 1799 бода, имате можност да се запознаете и со неговиот избор од
претходното коло.

Среќно до сите
натпреварувачи и ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен
: unckad

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани