„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Капитентската лента за Салах, но и Де Брујне мора до бодови

by
8 минути читање

Добредојдовте во
најновата анализа од едицијата на „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка
за сите наши натпреварувачи на Фантази Премиерлига, кои ги има во голем број,
односно над 10,000, од генерално над седум милиони натпреварувачи ширум светот.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Пред нас се
возбудувањата во рамките на 15 коло, а треба да имате во предвид дека ќе
претстојат голем број ротации во тимовите со оглед на фактот што следното коло
стартува веќе во понеделник.

Како што е
познато, во 18 коло ќе имаме можност да проследиме само пет меча, за веќе
наредното 19 коло да имаме неколку екипи со два меча во едно коло, па има
голема дискусија на социјалните мрежи за тоа како е најпаметно да се повлечат
потезите овие неколку кола.

Повеќе опции се
во игра, некои велат дека треба уште од сега да го подготвувате тимот за
максимални бодови во 18 коло, односно да внимавате на тоа фудбалерите кои ќе ги
селектирате овие три кола да имаат и меч во 18 коло, втората опција е воопшто
да не се грижите за тоа бидејќи постои „Фри Хит“ со тоа што за тоа коло би
подготвиле целосно нов, изменет тим исклучиво за таа рунда, а третата опција е
секако искористување на втората „Вајлд карта“, меѓутоа сезоната е долга, а вам
ви преостанува добро да размислите за потезите.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Традиционално,
најпрво ќе се осврнеме на претходното 14 коло каде можеме слободно да се
пофалиме дека анализата вреди со плод, па така истата донесе вкупно 83 освоени
бодови (без двајца кои не добија прилика за настап) во коло каде просекот на
бодови изнесуваше 60.

Претходната
анализа
: Внимавајте на Џонстон, но и на Холгејт

Уште еднаш го
наведовме чуварот на мрежата од голот на ВБА, Сем Џонстон кој запиша само три
бода во поразот од Астон Вила на домашен терен (0-3), кој и покрај убедливиот
пораз на крајот запиша три бода, што не е за чудо ако се земе во предвид дека
забележа седум интервенции, а во моментов е прв на листата на голманите со
најмногу интервенции на голот, сумирано – за цена од 4.5 Џонстон е одличен
избор за ротација по потреба на таа позиција.

Понатаму, Холгејт
не успеа да запише клин-шит против индиспонираниот Арсенал и покрај победата на
Евертон (3-1), а малку недостасуваше за тоа, Луис не настапи во ремито на
Њукасл против Фулам на домашен терен (1-1), исто како и Лампти кој поради
повреда отпадна од комбинација за ремито на домашен терен против Шефилд
Јунајтед (1-1), сепак, вреди да се пофали изданието на Тејлор кој уште еднаш
покажа одлични перформанси за Барнли, овој пат со асистенција во победата над
Вулверхемптон (2-1), а малку недостасуваше да запише и клин-шит.

Во средниот ред
се освоија најголемиот дел од бодовите, со тоа што вистински погодок се
капитенот Салах (16), како и Фернандеш (17) кои имаа одлични изданија, иако
Египјанецот влезе во второто полувреме, по што направи народски речено „дар-мар“
на теренот. Сон дефинитивно исфрли доза сомневање околу неговата константност,
а Де Брујне запиша само асистенција.

Во нападот полн
погодок, и тоа од доста евтините Вилсон кој со голот во ремито на Њукасл против
Фулам заокружи 9 бода, а имаше максимален учинок во бонус-системот, исто како и
Велбек (8) кој против Шефилд Јунајтед беше вистински џокер од клупата, па не се
сомневаме дека направи голема разлика во тимовите на натпреварувачите ако се
земе во предвид малиот процент кои го имаат во своите екипи.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Во последниот
воведен дел пред самата селекција ќе направиме еден краток осврт на
моменталната ситуација во поглед на трансферите, а таму речиси и да нема
изненадувања кај оние кои се во преден план за купување.

Прв е секако
Салах од Ливерпул со над 400 илјади нови натпреварувачи зад своето име, инаку
тој е дефинитивно најдобриот избор за капитен на колото па воопшто не не
зачудува оваа одлука кај натпреварувачите. По Египјанецот, следи одличниот
напаѓач на Лидс, Бамфорд, а водечката тројка ја заокружува соиграчот на Салах,
Робертсон кој влезе во посакуваната форма.

Во петте
најкупувани се уште и Далас од Лидс, односно Зума од Челси.

Што се однесува
пак до листата на најпродавани фудбалери, прв е Чилвел од Челси кој поради
повреда е неизвесен за настап, исто како и неговиот соиграч Џејмс, а во првите
три на оваа листа се најде и Марез од Манчестер Сити, иако ова е баш чудна
ситуација со оглед на фактот што Алжирецот се очекува да почне од првата минута
викендов бидејќи Жесус се зарази со ковид-19. Понатаму следат соиграчот на
Марез, Де Брујне, уште една сомнителна одлука на натпреварувачите, односно
дискутабилна, а воопшто не може да се каже истото и за Вилсон од Њукасл кому му
претстојат три навистина тешки натпревари.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Најевтината
варијанта на голманската позиција која има одлична можност за клин-шит за ова
коло несомнено е Алекс МекКартни (4.6) од Саутемптон кој викендов пред себе за
противник ќе го има Фулам на домашен терен. Чуварот на мрежата од голот на
Саутемптон досега во 14 одиграни кола запиша одличен учинок од пет клин-шит
бодови.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Ендрју Робертсон
(7.3)
влезе во посакуваниот ритам, а бекот на Ливерпул за кого е од поодамна
познато дека има големо учество во завршните напади на „Редсите“ веќе две кола
во низа запишува асистенции, а големи се очекувањата од него за ова коло,
сосема разбирливо ако погледнете дека англискиот првак ќе го има пред себе ВБА
за противник.

Стјуарт Далас (4.7)
две кола во низа постигнува гол за Лидс, а Барнли не важи за екипа која игра
отворен фудбал, па бекот на Лидс би можел да блесне и ова коло, но, со оглед на
тоа што составот на Биелса тешко ја сочувува мрежата, едноставно е тешко да
очекувате клин-шит од Далас за ова коло, иако отворена е таа опција, односно
доста реално е да се очекува такво нешто.

Фабијан Балбуена
(4.4)
би можел да биде одлична опција во одбраната за дуелот на Вест Хем на
домашен терен против Брајтон, ако се земе во предвид фактот дека гостите се
релативно во големи проблеми во својата игра во офанзива поради отсуството на
Лампти, па ова е добра можност за дефанзивецот на „Чеканите“ кој знае да биде и
голема опасност кон голот на противниците во прекините.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Цената на првата
ѕвезда на Ливерпул расте од коло во коло, а тоа е сосема разбирливо, Мохамед
Салах (12.5)
пет кола во низа го пронаоѓа патот до противничката мрежа, а
дефинитивно е прв пик за капитентската лента ова коло на домашен терен против
ВБА. Ќе додадеме дека на Египјанецот му беа потребни само 33 минути да постигне
два гола и една асистенција во убедливата победа минатото коло кај Кристал
Палас (0-7).

Дуелот на
Манчестер Сити на домашен терен против Њукасл секако ќе ги примами
натпреварувачите да подразмислат и за Кевин Де Брујне (11.8) за капитентската
лента, во обид да направат разлика доколку Салах потфрли.

Моторот на
Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш (11) минатото коло против Лидс ја запиша
втората двоцифрена бројка во бодови оваа сезона на домашен терен, Португалецот
особено беше импресивен на гостинските натпревари, а ова коло „Црвените ѓаволи“
гостуваат кај Лестер кој дефинитивно има што да покаже и оваа сезона, меѓутоа
од Фернандеш и ова коло ќе се очекуваат бодови.

Жарод Боуен (6.4)
е вистински двигател на играта на Вест Хем сезонава, постигнувајќи четири
погодоци досега, но и две асистенции, што во моментов го прави најдобар поентер
досега за „Чеканите“, секако дека ќе биде првата опасност против Брајтон во
дуелот на домашен терен.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Треторангираниот
напаѓач по најголем број освоени бодови за таа позиција досега, Доминик
Калверт-Луин (8)
со својот тим Евертон викендов гостува кај Шефилд Јунајтед, па
тоа е одличен противник по мерка за напаѓачот да го постигне првиот гол по
пауза од три меча.

Патрик Бамфорд (6.4)
сигурно долго ќе го памети одличниот старт во новата сезона за Лидс каде успеа
да постигне дури девет погодоци, а напаѓачот кој почна со цена од само 5.5
викендов пред себе за противник ќе го има Барнли, па би можел да продолжи со
својата серија.

Че Адамс (6.1) е
навистина фудбалер кој прави голема разлика помеѓу натпреварувачите, со оглед
на фактот што го имаат само 9% од нив во своите тимови. Напаѓачот на Саумтептон
викендов со својот тим гостува кај Фулам, а досега успеа на четири пати да ги
затресе мрежите од головите на противниците, како и да запише дури пет
асистенции. Имајте во предвид дека Саутемптон е особено опасен на гостинските
натпревари.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Предлог-состав:
МекКартни (4.6); Робертсон (7.3), Далас (4.7), Балбуена (4.4);
Салах (12.5), Де Брујне (11.8), Фернандеш
(11), Боуен (6.4)
; Луин (8),
Бамфорд (6.4),
Адамс (6.1)

Капитен: Салах

Заменик-капитен:
Де Брујне

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

За крај, ќе се
осврнеме и на актуелната ситуација на табелите во генералниот пласман на
Македонија, како и во лигата на „24фудбал“.

Во лигата на
Македонија лидер е Александар Чангов со досега освоени 966 бода, имате можност
да се запознаете со неговиот избор од претходното коло.

Што се однесува
пак до моменталната ситуација на табелата во лигата на „24фудбал“, таму лидер е
Александар Димовски со досега освоени 949 бода, имате можност да го проследите
и неговиот избор од претходното коло.



Среќно до сите
натпреварувачи и ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен
: unckad

Можно е и ова да ти се допаѓа

×