Добредојдовте во
најновото издание од едицијата „24фудбал скаут фантази“ како помошна алатка за
сите наши натпреварувачи на оваа мега популарна платформа која брои над осум
милиони натпреварувачи ширум светот, од кои над десет илјади се од Македонија.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Најнапред ќе направиме
еден краток рекапитулар на возбудувањата од претходното коло, каде Лидс на
нашиот Алиоски имаше два меча, а секако дека составот на Биелса беше доста
привлечен за повеќето натпреварувачи, на крајот сето тоа донесе резултати.
За капитен на
колото мнозинство натпреварувачи го селектираа неверојатниот Бамфорд, кој
запиша еден гол против Саутемптон, па на крајот реализираше скромни 8 бода од
два меча, но доволно за да се избегне најлошото сценарио.
Сумирано од
двојното коло за Лидс, секако дека Далас со фантастичен учинок од 17 бода се
истакна од сите останати, па со право е играч на колото на Фантази, по него,
одличен беше и Рафиња со 12 бода, а дека Бразилецот игра феноменално доволно
говори и фактот што во минималниот пораз кај Вулверхемптон во првиот меч освои
два бода бонус.
Од останатото што
го проследивме претходното коло, вреди да се издвои победата на Евертон кај
Ливерпул, со тоа што практично полека но сигурно составот на Јирген Клоп ја
продлабочи кризата, а нам секако не загрижува и формата на Салах кој се уште
високо котира во однос на процентуалната застапеност во тимовите на
натпреварувачите.
Манчестер Сити
беше сигурен и запиша минимален триумф кај Арсенал и се зацврсти на лидерската
позиција на табелата, меѓутоа ништо од Гундоган, ниту од Де Брујне на таа
пресметка, сепак, следеше клин-шит за Диаш, Стоунс и Кансело кои се доста
популарни на платформата, а голот беше дело на Стерлинг, како утеха за натпреварувачите
кои го имаат селектирано.
Фернандеш не
застанува, првата ѕвезда на Манчестер јунајтед постигна гол и асистенција во
победата против Њукасл, ист учинок запиша и Рашфорд, па сосема логично е тоа
што Португалецот е најконстантен во однос на бодовите.
Тотнем продолжи
со топло-ладно во однос на формата во играта, па следеше нов „ладен туш“ во
поразот од градскиот ривал Вест Хем кој игра фантастично оваа сезона, а нам ни
е дилема за Кејн и Сон ова коло, дури и по фактот што за „Спарси“ е со два меча
со противници по мерка.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Пред да се
префрлиме на селектирањето фудбалери, традиционално ќе обрнеме внимание на
состојбата со трансферите за претстојното 26 коло, а сликата не е нешто
изненадувачка.
Најкупуван
фудбалер сосема очекувано е Барнс од Лестер кој игра во животна форма, по него
следи напаѓачот на Евертон, Калверт-Луин, па Кејн од Тотнем.
Водечката петорка
на оваа листа ја комплетираат Гундоган од Манчестер Сити, односно Воткинс од
Астон Вила, со напомена дека сите наведени имаат два меча ова коло.
Што се однесува
пак до листата на најпродавани за ова коло, на првото место е Грилиш од Астон
Вила кој е повреден, а нема дополнителни информации околу неговиот статус, по
него следи Ингс од Саутемптон, па Бамфорд од Лидс, што за нас е изненадување
ако се земе во предвид тоа што ќе се случува во 29 коло.
Во петмината
најпродавани ова коло се уште и Џастин од Лестер, за кого сезоната е повеќе од
веројатно завршена, како и Медисон од Лестер, кој е неизвесен за настап поради
повреда.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Една мала најава
во однос на тоа што следи, како и наши очекувања, ќе започнеме со фактот што
Манчестер Сити пред себе има два меча на програмата во 26 коло, обата меча се
на домашен терен, меѓутоа останува дилемата каква ќе биде одлуката на Гвардиола
за почетните состави, од причина што во краток временски период „Граѓаните“ имаат
три меча ако се земе во предвид и дуелот во Лигата на шампионите.
Сигурно дека
Диаш, Гундоган, а можеби и Стерлинг ќе бидат особено атрактивни за повеќето
натпреварувачи, меѓутоа и повеќе од веројатно е дека наведеното трио ќе одигра
еден меч од претстојните два, бидејќи се очекуваат големи ротации од страна на
Гвардиола.
Доколку добро го
проследите распоредот на натпревари, прво што ќе ви падне на око сигурно е
Евертон, оваа екипа најпрво игра на гости кај ВБА, за потоа на домашен терен да
го пречека Саутемптон, два противника по мерка за „Карамелите“, а сигурно и два
меча од кои се очекува клин-шит за дефанзивците на составот од „Гудисон Парк“,
Дињ и Калверт-Луин особено се привлечни поради сево ова.
Фернандеш со
Манчестер јунајтед има дерби со Челси, но и дуел со Кристал Палас, па
Португалецот секако ќе биде фудбалер од кого ќе се очекуваат бодови, но
останува дилемата со Салах кој со Ливерпул не игра на нивото на кое навикнавме
да го гледаме претходно, па прашањето е дали Египјанецот ќе може да им се врати
на погодоците против Шефилд Јунајтед и Челси.
За крај пред
самата селекција, Кејн и Сон особено се привлечни, но засега на хартија, ако се
земе во предвид очајната игра на Тотнем под кормилото на Мурињо кој има посебни
тактички замисли кои засега не само што не успеваат, туку португалскиот
фудбалски стратег за момент се најде и како прв кандидат за отказ во
Премиерлигата во моментов од страна на букмејкерите, па останува дилемата дали
„залажуваат“ дуелите со Барнли и Фулам, на кои „Спарси“ се апсолутни фаворити.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
На голманската
позиција ќе го препорачаме Едерсон Мораеш (6.1) кој сигурно е вон идеите на
Гвардиола во Манчестер Сити во поглед на ротациите, со Бразилецот тој проблем
го немаме, па дуелите со Вест Хем и Вулверхемптон се убава можност за нов
клин-шит за „Граѓаните“.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во дефанзивната
линија препорачуваме тројца, и тоа предводени од Лукас Дињ (6.1) кој со Евертон
пред себе има два противника по мерка, најпрво против Саутемптон, за потоа и
ВБА, две екипи кои се вон форма изминатиов период, а тоа е предобра прилика за
Французинот кој важи за исклучително офанзивен бек да добие нешто повеќе од
бодови од клин-шит.
Едерсон ќе го
поврземе со неговиот соиграч, Рубен Диаш (6.1) кој на одличен можен начин се
адаптираше на Премиерлигата, а веќе стана вистински столб во одбраната на
Манчестер Сити.
Дефанзивната
линија ќе ја комплетираме со Рикардо Переира (5.9) од Лестер, кому му претстојат
дуели со Арсенал и Барнли. Имаме чувство дека португалскиот бек се враќа во
својата препознатлива форма, а претходниот меч беше во голема мера на
половината на противникот во победата против Астон Вила, што нам ни дава со
право да веруваме дека ќе продолжи да игра многу понапред од неговата природна
десна бековска позиција, како што беше вообичаено и претходно.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Се префрламе на
средниот ред каде препорачуваме пет фудбалери со цел максимално да се искористи
можноста за бодови од позицијата која носи најмногу бодови, па ќе започнеме со
Мохамед Салах (12.6) од Ливерпул. Сега или никогаш повеќе сезонава, вака би го
опишале изборот со Египјанецот, иако со право многумина сметаат дека
офанзивецот разочара веќе неколку натпревари во низа, а се чини дека двата меча
против Шефилд Јунајтед, односно Челси се кредит, можеби и последен кој е пред
Салах сезонава, иако котира највисоко во однос на листата на стрелците сезонава
во Премиерлигата.
Кој друг ако не
Бруно Фернандеш (11.6), првата ѕвезда на Манчестер јунајтед е доста константен,
а без него едноставно не можете на Фантази, тоа е факт. Пред Портуалецот се
пресметките со Челси и Кристал Палас, а дерби или не, од него секогаш се
очекуваат бодови.
Иако формата на
Тотнем не е на посакуваното ниво, така и формата на Сон (9.5), кој и повеќе од
веројатно е дека ја користи ситуацијата со два меча во едно коло да се најде во
изборот на повеќето натпреварувачи, претпоставуваме дека сликата би била
поинаква да се работеше за еден меч, но привлечни се дуелите со Барнли и Фулам
секако, „Спарси“ се апсолутни фаворити, но кај нас останува големата дилема по
ова прашање.
Харви Барнс (6.9)
игра во животна форма во дресот на Лестер, а дека е така доволно говори и
неговиот учинок со три погодоци и две асистенции во последните пет меча, што со
право се најде во топ петте најкупувани фудбалери за ова коло до овие моменти,
а „Лисиците“ на програмата за противници ова коло ги имаат Арсенал и Барнли.
Сигурно дека
многумина посакуваат и очекуваат слично сценарио како во 24 коло со Илкај
Гундоган (6.1) од Манчестер Сити, откако фудбалерот кој играше како „лажна
деветка“ постигна два гола и една асистенција за вкупни 19 бода, по само 68
минути на теренот, што беше неверојатен учинок „зачинет“ со фантастични 19
бода. Сепак, ќе предупредиме дека повеќе од веројатно е дека Гундоган ќе одигра
само еден од двата меча ова коло против Вулверхемптон и Вест Хем, поради очекуваната
ротација од страна на Гвардиола.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Големи се
очекувањата од Доминик Калверт-Луин (7.7) од Евертон за ова коло, ако се земе
во предвид дека напаѓачот на „Карамелите“ доволно му е и мал престој на теренот
за да реши еден меч, за што покажа многу пати сезонава каде досега постигна 13
погодоци, а запиша уште и шест асистенции, што е одличен учинок. Дуелите со ВБА
и Саутемптон сигурно дека се доста привлечни за натпреварувачите, а ние
сугестираме и да се обидете со трипл-капитен на Калверт-Луин.
Оли Воткинс (6.5)
бележи одлична сезона во дресот на Астон Вила со десет постигнати погодоци
досега, а дополнително и четири асистенции, па со право е интересна опција во
двата меча кои му претстојат, иако и повеќе од веројатно е дека моторот на
Астон Вила ќе пропушти барем еден меч поради повреда, а без Грилиш секако
играта на оваа екипа не е таква каква што сите ја знаеме.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог-состав: Едерсон (6.1); Дињ (6.1), Диаш (6.1), Переира
(5.9); Салах (12.6),
Фернандеш (11.6), Сон (9.5), Барнс (6.9), Гундоган (6.1); Калверт-Луин (7.7), Воткинс (6.5)
Силно веруваме
дека ова коло е повеќе од идеално за искористување на некој чип за обезбедување
повеќе бодови на вашето конто, доколку се уште поседувате таква опција ние ви
предлагаме трипл капитен.
Капитен: Калверт-Луин (ТРИПЛ КАПИТЕН)
Заменик-капитен: Салах
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
За крај ќе ја
пренесеме и актуелната состојба на табелата во генералната пласман на
Македонија, како и табелата во лигата на „24фудбал“.
Во генералниот
пласман на Македонија лидер е Александар Чангов со досега освоени 1757 бода,
имате можност да го проследите неговиот избор од претходното коло.
Што се однесува
пак до лигата на „24фудбал“, таму лидер е Славе Гонев со досега освоени 1685
бода, имате можност да го проследите и неговиот избор од претходното коло.
Среќно до сите
натпреварувачи и ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен: unckad