„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Голема шанса за Телес, но и дилема околу Бразилецот

by
9 минути читање

Интернационалната
пауза заврши, а таа остави голем негативен белег врз Фантази Премиерлигата, па
можеме да проследиме „болница“ кај натпреварувачите кои сега имаат неколку
дилеми околу тоа како да настапат во деветото коло.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Минатото коло
селектиравме тим кој своевидно значеше и одреден ризик, за да се направи
посакуваната разлика, меѓутоа нашата препорака од состав донесе 51 освоен бод
во коло каде просекот изнесуваше 55 бода.

Претходната анализаВарди и Вернер за продолжување на серијата, Сон на „поправен“

Големото разочарување
е секако ѕвездата на Тотнем, Сон, кој на гостувањето кај ВБА во минималниот
триумф освои само три бода, вклучително со бодот од клин-шит, меѓутоа тука беа
да „покријат“ Чилвел кој погоди во победата на Челси против Шефилд Јунајтед,
како и Арон Кресвел кој запиша клин-шит во „минималецот“ на Вест Хем против
Фулам, каде бекот имаше и неколку шанси да постигне гол.

Од останатите,
Рајан запиша клин-шит во домашното реми против Барнли без голови, што уште
еднаш потврди дека Рајан со МекКартни од Саутемптон се одлична опција за
ротација на голманската позиција, а доста и евтини во цената секако.

Заха беше солиден
во победата против Лидс и запиша асистенција за Кристал Палас, Варди асистираше
во минималниот триумф над Вулверхемптон, а Вернер продолжи со одличната форма
откако постигна гол во убедливиот триумф на Челси против Шефилд Јунајтед, а
Германецот можеше и многу повеќе од тоа.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Се префрламе на
актуелната ситуација во поглед на трансферите, каде имаме безброј дилеми, но ќе
ја пренесеме сликата каде Фернандеш е најкупуван фудбалер за претстојното коло
каде Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува ВБА. Сигурно дека „Црвените
ѓаволи“ се апсолутни фаворити, меѓутоа загрижува нивната форма на домашен
терен, која е очајна. Понатаму, следи Зијеш кој со Челси гостува кај Њукасл, а
ова е веројатно одлична опција со оглед на фактот што фудбалерот од средниот
ред игра во одлична форма.

На третото место
на најкупувани фудбалери се наоѓа Грилиш кој со Астон Вила на домашен терен го
пречекува Брајтон, а ѕвездата на Бирмингем беше употребен во голема мера во
селекцијата на „Гордиот албион“ за време на интернационалната пауза, па
останува дилемата дали е доволно свеж за да прикаже тоа што го знае и умее
викендов, по него следи неговиот соиграч и напаѓач Воткинс, за кого нема
никакви дилеми дека е одличен избор за ова коло.

Во однос на
табелата каде се најпродаваните фудбалери за деветото коло, таму лидер е првата
ѕвезда на актуелниот првак Ливерпул, Салах, кој поради зараза со коронавирусот
нема да биде во комбинација за дербито со Лестер, а натпреварувачите како што
гледате и самите, во голем број се ослободуваат од него, иако по ова коло следи
одличен распоред за Египјанецот, во следното коло Ливерпул ќе се соочи со
Брајтон.

Понатаму се
неговиот соиграч Александер-Арнолд кој поради повреда ќе отсуствува до
декември, па Сон од Тотнем кој бележи два меча без никаков допринос, а викендов
ќе се соочи со Манчестер Сити, по што следи пресметката со Челси.

Овој дел од
листата го заокружуваат Ингс од Саутемптон, откако стана јасно дека напаѓачот
ќе паузира уште до четири седмици, па Калум Вилсон од Њукасл кој исто е повреден,
но, постои можност да се врати најдоцна до идната седмица, а не се исклучува
ниту оваа.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Пред самата
селекција, ќе се навратиме на претходно споменатото нешто погоре во воведниот
дел, се уверивте дека Бруно Фернандеш е најкупуван фудбалер во пресрет на ова
коло, особено поради фактот што Манчестер јунајтед на домашен терен го
пречекува ВБА. Како и да е, ништо не е сигурно со составот на Оле Гунар Солшер,
особено не кога игра на домашен терен, за што сведочат и резултатите.

Понатаму, сосема
логично е тоа што Џек Грилиш е исто така посакувана опција кај
натпреварувачите, меѓутоа во една седмица ѕвездата на Астон Вила одигра три
меча, од кои еден во целосен обем од 90 минути, останатите два во просек по 70
минути, па дилемата ни е колку е тој свеж да го даде максимумот од себе
викендов, иако ни најмалку не се сомневаме во неговите квалитети.

На Сон му
претстојат три дерби пресметки, меѓутоа во период кога натпреварувачите се
соочуваат со голем број повреди, заразени со ковид-19 и слично, и повеќе од
веројатно е дека нема логика да се ослободувате од фудбалери кои се подготвени
за настап.

Натпреварувачите
од минута во минута ги пратеа настаните со Салах, тој присуствуваше на
венчавката на својот брат во Египет каде имаше повеќе од 800 гости, а снимките
од тој настан не ветуваа нешто добро, па се случи тоа што сите стравуваа.
Фактот што Египјанецот е асимптоматичен, ни дава надеж дека би можел да се
врати во мечот на гостински терен кај Брајтон, кој се игра идната сабота.
Меѓутоа, медиумите на Островот известија дека и покрај фактот што Салах доби и
втор позитивен тест во средата, тој денеска ќе пристигне во
Англија.

Поради тоа што се
појавија големи дилеми околу тоа кога би можел Египјанецот да се врати на
терените, за што тука е секако и протоколот на Островот кој вели дека
фудбалерот мора во самоизолација во период од десет денови по позитивен тест на
ковид-19, а со оглед на фактот што протоколот за самоизолација важи од денот на
тестирање, доколку Египјанецот биде негативен идната седмица, постојат големи
шанси да запише настап на гостувањето кај Брајтон, но гаранции не постојат.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

На голманската
позиција за ова коло ќе го препорачаме чуварот на мрежата од голот на Астон
Вила, Емилијано Мартинез (4.8) кој пред себе за противник викендов ќе го има
составот на Брајтон, што веројатно е најдобрата опција за голманската позиција
во деветото коло.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Во однос на
дефанзивната линија, започнуваме со Алекс Телес (5.5), големото засилување за
Манчестер јунајтед од Порто кое едноставно немаше среќа брзо да се прилагоди на
новата средина поради тоа што се зарази со коронавирус, иако импресионираше
уште на дебито во победата кај ПСЖ во Лигата на шампионите. Под будно око ги
следевме случувањата околу бразилскиот бек со доста офанзивни задачи на
теренот, па иако постојат одредени дилеми дали тој или Вилијамс ќе стартуваат
против ВБА викендов поради повредениот Шо, силно веруваме дека во случај Телес
да почне од првата минута, може да направи голема разлика ова коло, инаку
станува збор за фудбалер кој е воедно и „специјалист“ за слободни удари,
пенали, како и останати прекини, а познат е по тоа што има доста офанзивни
задачи во играта. Ни оди во прилог и тоа што Телес не се намачи во селекцијата на Бразил во текот на интернационалната пауза, каде беше користен како резервна опција на клупата.

Во дефанзивната
линија сигурно ќе има место и за Бен Чилвел (6) кој со својот Челси гостува кај
Њукасл, а претходно постигна гол во победата над Шефилд Јунајтед. Чилвел инаку
беше поштеден за време на интернационалната пауза поради болки во грбот, а
Лампард за време на пресконференцијата потврди дека бекот е подготвен за
настап.

Арон Кресвел (5.1)
имаше одлични перформанси во победата на Вест Хем над Фулам претходното коло, а
бекот беше и близу до постигнување гол, најмалку асистенција со оглед на фактот
што постојано го гледаме на противничката половина, а истовремено е изведувач и
на прекините, во мечот против Фулам на негова несреќа во една ситуација ја погоди
и гредата во обид од слободен удар.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Хаким Зијеш (8.2)
ги оправдува вложените средства на Челси во летниот преоден рок, па веќе во два
меча во низа освои вкупно 25 бода, што е одлична бројка за 15.4% од
натпреварувачите кои го селектираа досега во нивните тимови. Фактот што Челси
викендов гостува кај Њукасл дава многу можности за Зијеш да продолжи со
одличната низа.

Иако постојат
дилеми (погоре во воведниот дел), сепак ќе се решиме и за Бруно Фернандеш (10.6),
кој е најактуелниот фудбалер за деветото коло, веројатно најмногу поради мечот
на Манчестер јунајтед против ВБА, во кој домаќините се голем фаворит, меѓутоа
секако загрижува нивната форма во натпреварите на домашен терен.

Наведовме која ни
е дилемата околу Џек Грилиш (7.5) од Астон Вила, но ќе го следиме примерот на
големиот број натпреварувачи кои стојат зад името на ѕвездата на тимот од
Бирмингем (37.3%), па очекувањата од Грилиш за пресметката со Брајтон на
домашен терен се големи, во тоа не се сомневаме.

Вилфред Заха (7.4)
е одличен во новата сезона за Кристал Палас, а од тоа што можеме да го
проследиме, особено е добар на гостинските натпревари, па меч против
индиспониран тим како Барнли е добредојден за овој фудбалер.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Доминик
Калверт-Луин (7.8)
со својот Евертон гостува кај Фулам кој не може да се пофали
со добра игра, меѓутоа ниту составот на Карло Анчелоти не игра во посакуваната
форма, по што запишаа три порази во серија, од кои два сосема неочекувани, па
гостувањето во Лондон е шанса за поправен за „Карамелите“.

Оли Воткинс (6.1)
е одлично решение за нападот, особено поради фактот што Астон Вила пред себе
викендов ќе има противник по мерка, Брајтон, екипа која не може да се пофали со
добра одбрана откако запишаа клин=шит на само два меча во досегашните осум.

Не е никакво
изненадување формата на Че Адамс (5.9) во играта на Саутемптон, екипа која е
едно од најпријатните изненадувања во воведниот дел од новата сезона во
Премиерлигата, Адамс во последните четири меча запиша три погодоци, а
реализираше уште и една асистенција, што нуди големи очекувања па и за
гостувањето кај Вулверхемптон викендов.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Предлог-состав: Мартинез (4.8); Телес (5.5), Чилвел (6), Кресвел (5.1); Зијеш (8.2), Фернандеш (10.6), Грилиш
(7.5), Заха (7.4)
; Калверт-Луин
(7.8), Воткинс (6.1), Адамс (5.9)

Капитен: Фернандеш

Заменик-капитен: Грилиш

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Анализата ја
заокружуваме со пренесување на сликата од актуелната ситуација на табелите во
генералната лига на Македонија, како и таа на 24фудбал.

Во генералниот
пласман на Македонија лидер е Мики Попоски со досега освоени 592 бода, имате
можност да се запознаете со неговиот избор од претходното коло.

Што се однесува
пак до лигата на 24фудбал, таму лидер е СлавеГонев со досега освоени 565 бода,
имате можност да го проследите и неговиот избор од претходното коло.

Среќно до сите натпреварувачи во осмото коло од
Премиерлигата, не заборавајте да се приклучите на лигата на „24фудбал“, кодот е
следен: unckad

Можно е и ова да ти се допаѓа

×