22 годишно момче ќе биде нов газда на Сандерленд

by
1 минути читање

Сандерленд
потврди дека 22 годишниот Кајрил Луис-Дејфус ќе го преземе клубот, инаку
станува збор за поранешниот газда на Олимпик Марсеј, Роберт Луис-Дрејфус, а
преземањето на англискиот клуб ќе се случи по нова година, најдоцна до
средината на идниот месец.

Потребната
документација во однос на договорот е испратен денеска до ЕФЛ, клубот уверува
дека од таму треба да пристигне зелено светло и одобрување од сите аспекти на
овој бизнис план
“ наведуваат во соопштението до јавноста од Сандерленд.

Веќе довчерашниот
газда на Сандерленд, Стјуарт Доналд од претходно објави дека сака да го продаде
клубот, тоа првично го стори уште во јули годинава, меѓутоа од клубот не сакаа
конкретно да коментираат на шпекулациите дека веќе е постигнат договор за продажба.

Би сакал да му
се заблагодарам на Стјуарт Доналд за неговиот интегритет и посветеност за
реализација на овој договор изминативе три месеци, што воедно ми донесе можност
да ја имам приликата да го раководам клубот во иднина, го чекаме одобрението од
лигата, за мене е чест што ќе бидам инволвиран во работата на еден клуб со
богата историја, во целост ја разбирам големата одговорност која е пред мене

изјави 22 годишниот Луис-Дејфус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×