12 гола за еден од најлошите тимови и клаузула од 30 милиони, па половина Премиерлига сака да го купи

by bojan
1 минути читање
Делап

Напаѓачот на Ипсвич, Лијам Делап е еден од најбараните фудбалери на „островото“ по одличната сезона, половина Премиерлига го има во своите бележници.

Лијам Делап важеше за еден од подобрите фудбалери во школата на Манчестер Сити, можеби никогаш не доби права шанса во првиот тим, но одлично се снајде по трансферот во Ипсвич.

Напаѓачот до овој момент има 12 погодоци зад своте име, сосема солидни бројки со оглед на тоа дека игра за еден од најлошите тимови во Премиерлигата.

Последните информации велат дека во неговиот договор има откупна клаузула која изнесува 40 милиони фунти, но ќе падне на 30 милиони фунти доколку Ипсвич испадне во втора лига, сценарио кое е се поизвесно.

Па ваквите бројки го прават мошне привлечен, половина Премиерлига во има Лиам Делап во своите бележници.

Одредени извори го посочуваат Челси како главен фаворит, други пак го поврзуваат со трансфер во Манчестер јунајтед.

Неговата ситуација внимателно ја сладат и Њукасл, Тотнем, Арсенал, Ливерпул, Нотингем Форест, Евертон, Вест Хем и Манчестер Сити, кој има опција да го врати голгетерот во своите редови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани