208
Репрезентацијата на Србија на почетокот од Лигата на Нации ќе биде без услугите на еден од своите најважани фудбалери, Душан Влаховиќ.
Голгетерот на Јувентус на Инстаграм објави дека поради семејни причини нема да биде дел од натпреварите против Шпанија и Данска.
„Денес го известив стручниот штаб дека од семејни причини нема да бидам во можност да одговарам на повикот на селекторот за претстојните натпревари од Лигата на Нации против Шпанија и Данска“, објави Влаховиќ.
Шпанија во Белград ќе гостува на 5. септември, додека три дена подоцна српската репрезентација ја чека гостување кај Данска.