108
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска го објави идеалниот тим за второто коло од Лигата на шампионите.
Нападот на тимот го предводи српскиот напаѓач Душан Влаховиќ кој беше стрелец на два гола во победата на Јувентус против Лајпциг од 3:2 против. Meсто по страничните позиции добија Сима од Брест и Адејеми кој против Селтик за едно полувреме постигна хет-трик во дресот на Борусија Дортмунд.
Веднаш зад Влаховиќ е Рафиња, додека во средниот ред играат Тимбер и Флорентино.
Во одбраната се Запакоста, Саласку, Фламинго и Тиаго Сантос, а на голот е Емилијано Мартинез кој беше еден од најзаслужните за победата на Астон Вила против Баерн.