199
Од редовите на Работнички денеска соопштија дека спогодбено е раскинат договорот со фудбалерот од средниот ред Томче Гроздановски.
Гроздановски во минатата сезона одигра 18 натпревари во дресот на „романтичарите“, а претходно го носеше дресот на Металург, Кожуф и словенечките Вион и Дугопоље.
Клубот од Дебар Маало му се заблагодари за досегашниот учинок и му посака среќа во понатамошната кариера.