Манчестер Сити и Жирона се најдоа во проблеми, бидејќи двата клуба се во сопственост на „Сити Фудбал Груп (ЦФГ)“. Поради тоа клубовите имаат проблем и не смеат да играат заедно во Лигата на шампионите поради правилата на УЕФА.
Сопственичката структура од Абу Даби има три опции за да го реши проблемот и двете екипи да настапуваат во елитното натпреварување.
Првиот и најизгледен е смалување на акциите на под 30%. Групацијата има 100% од акциите во Манчестер Сити, но само 47% во Жирона и делува дека тука е најлесното решение, да се продадат дел од акциите.
Покрај ова решение, УЕФА би ѝ дозволила на Жирона да го смени натпреварувањето и да настапува во Лигата на Европа. Последната можност која е најмалку веројатна е „Сити Фудбал Груп“ да ги префрли сите 47% од акциите на Жирона на одредено тело кое ќе го надгледува комисија од УЕФА и да нема допирна точка додека клубовите се натпреваруваат во исто натпреварување.