188
„Несудениот“ македонски репрезентативец, Никола Секулов од денеска и официјално е нов фудбалер на Сампдорија.
Секулов по долги години во младинските категории на Јувентус го напушти клубот од Торино од каде што во минатата сезона беше на позајмица во Кремонезе.
Трансферот на Секуловво Сампдорија каде што ќе игра под водство на Андреа Пирло ќе биде и шанса да се докаже во сениорскиот фудбал. За Јувентус Секулов настапуваше за тимот до 23 години, но забележа и мала минутажа во Серија А додека тренер беше Алегри.
Јувентус од трансферот на Секулов ќе добие два милиони евра, додека фудбалерот со Сампдорија потпиша договор до 2028 година.