Рајо и Димитриевски поразени од последниот тим во Ла Лига (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во шпанската Ла Лига во рамките од 34. коло вечерва во терминот од 21:00 часот се играа две средби.

Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски забележа пораз на домашен терен и тоа од фенерџијата Алмерија.

За Алмерија ова беше само втора победа во сезоната, претходната ја забележаа против Лас Палмас.

Моментот на одлука вечерва се случи во 30. минута кога Лозано по асистенцијата на Ембарба ја смести топката во мрежата на Димитриевски. На табелата Алмерија е без шанси за опстанок додека Рајо има 34 бода, осум повеќе од Кадиз кој е првиот тим во опасната зона.

Во вториот натпревар во истиот термин Севиља на свој терен ја совлада Гранада со 3:0. Стрелци на головите беа Акуња, Ел Несири и Лукебакио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани