140
Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез е подготвен да го скрати одморот со цел да го замени повредениот Мехди Тареми за почетокот од сезоната.
Аргентинецот требаше да се врати на 8. август од одмор, но тоа ќе се случи во вторник, два дена порано од предвиденото.
Причината е повредата на Тареми кој нема да може да биде во комбинација за стартот на сезоната поради повреда. Ќе паузира неколку недели.
Лаутаро Мартинез сака да биде максимално подготвен за првото коло од Серија А, дуелот со Џенова на 17. август.