208
Откако пропадна трансферот на Саму Омородион во Челси, неизвесно е дали ќе се реализира и тој на Конор Галагер во Атлетико Мадрид.
Галагер ги помина медицинските тестови и остана само да го потпише договорот, но Челси побарал тој да се врати во Лондон.
Сепак ова може и да не се случи доколку Челси го договори трансферот на Жоао Феликс.
Трансферите на Феликс во Челси и Галагер во Атлетико Мадрид треба да се реализираат одвоено, како две оделни трансакции, а не како размена на фудбалери
Во текот на денешниот ден се очекува расплет на ситуација, особено на онаа за трансферот на Галагер.