93
Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах беше еден од главните асови во победата над Болоња (2-0) во второто коло на Лигата на шампионите.
Еѓипќанецот беше стрелец на вториот погодок на својот тим во вториот дел погодувајќи во самиот агол од гостинскиот гол. Со ова, Салах влезе во историјата на натпреварувањето бидејќи стана африкански фудбалер со најмногу голови во европската елита.
Салах стигна до својот 45 погодок во Лигата на шампионите, со што зад себе го остави Дидие Дрогба (44 гола) со кој досега беше израмнет. На третото место на „вечната“ африканска листа е Самуел Ето со 30 погодоци.