Македонци во ЛШ: Познато против кои ривали ќе играат Елмас, Ристовски, Адеми и Миовски!

by 24 фудбал
1 минути читање

УЕФА ја одржа ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, а во неа ќе се игра по нов формат со главна и плеј-оф фаза. Македонија ќе има четири индивидуални претставници во оваа сезона на елитното натпреварување.

Ељиф Елмас со РБ Лајпциг беше во првиот шешир за извлекувањето, а од најсилната конкуренција налетаа на Ливерпул и Интер, додека од вториот шешир на Јувентус и Атлетико Мадрид.

РБ Лајпциг: Ливерпул (д), Интер (г), Јувентус (д), Атлетико Мадрид (г), Спортинг (д), Селтик (г), Астон Вила (д), Штурм Грац (г)

Со Динамо Загреб во елитата шанса за настап ќе чекаат Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Тие ќе играат против германските гиганти Борусија и Баерно, како и Милан и Арсенал.

Динамо Загреб: Борусија Дортмунд (д), Баерн Минхен (г), Милан (д), Арсенал (г), Селтик (д), Салцбург (г), Монако (д), Слован Братислава (г)

Со својот нов клуб Жирона во Лигата на шампионите ќе игра и Бојан Миовски. Тој ќе гостува на „Енфилд“ и „Емирати“, а ќе им бидат домаќини на ПСЖ и Милан.

Жирона: Ливерпул (д), ПСЖ (г), Арсенал (д), Милан (г), Феенорд (д), ПСВ (г), Слован Братислава (д), Штурм (г)

Целосниот распоред на натпреварите ќе биде достапен в сабота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани