Конечно падна договор, Жоао Феликс оди во Челси, Галагер во Атлетико Мадрид

by riste
1 минути читање

Челси и Атлетико Мадрид по долги преговори ги договорија трансферите на Жоао Феликс и Конор Галагер.

Жоао Феликс се враќа во Челси, но овојпат како перманентен трансфер. Португалецот ќе поптише договор до јуни 2030 година. Утре евентуално ден потоа ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договорот.

Ќе се реализира и трансферот на Конор Галагер кој веќе беше во Мадрид, но се врати во Лондон откако запнаа преговорите меѓу двата клуба.

Сега сите пречки се надминати, Галагер се враќа во Мадрид каде ќе го комплетира трансферот во Атлетико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани