138
Борусија Дортмунд со интересно видео го најави враќањето на Јирген Клоп кој ќе биде тренер на прошталниот натпревар на Блашчиковски и Пишчек.
Двајцата фудбалери оставија голем траг во Борусија Дортмунд иако одамна не се таму. Јакум Блашчиковски го носеше дресот од 2007 до 2016, а Лукаш Пишчек од 2010 до 2021 година.
Во видеото кое е најава за мечот, двајцата поранешни фудбалери го договараат дуелот и заклучуваат дека им треба тренер. Одлучуваат да повикаат пензиониран тренер, па му се јавија на Јирген Клоп кој неодамна објави крај на тренерската кариера.
Натпреварот ќе се одигра на 7. септември.