198
Македонскиот прволигаш Гостивар го промовира новото засилување во името на Кристијан Ѓорѓиевски.
Младиот фудбалер доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров, има 17 години и своевремено беше младински репрезентативец на Македонија до 16 и 17 години. Се работи за момче кое потекнува од фудбалската школа на Њу Старс.
Гостиварчани се активни на трансфер пазарот, неодамна ги промовираа Алдаир Дјало и Зени Хусмани, додека се споменува уште едно искусно засилување со богато резиме.