229
Како што и претходно се најавуваше, новиот македонски прволигаш, екипата на Беса во следната сезона и официјално ќе настапува на стадионот во Гостивар.
Оваа информација веќе подолго време беше актуелна, но сега е потврдена и од раководството на Беса.
„Домашните натпревари ќе ги играме на стадинот во Гостивар. Со задоволство може да потврдиме дека раководството на клубот постигна важен договор со општина Гостивар за престојната сезона 2024/25. Од овој момент, домашните натпревари Беса ќе ги игра на градскиот стадион во Гостивар. Ова обележува ново поглавје за нас и нашите фанови“, велат од Беса.