162
Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми беше стрелец за Динамо Загреб на гостувањето кај Истра 1961 во 10 коло на Хрватската прва лига.
Капитенот на „модрите“ добро сочека нафрлена топка на пеналтикот и со глава ја испрати во мрежата на домаќините. Со овој погодок Динамо во тој момент дојде до израмнување (1-1).
Ова е втор сезонски гол за Адеми кој полека ја враќа формата, а претходно погоди пред две рунди против Локомотива.