Чурлинов: Компани има посебно место во моето срце, тој е одличен тренер, ќе направи големи работи во Баерн!

by riste
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов во изјава за „Скај Спорт Германија“ го испофали идниот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани.

Компани му беше тренер на Чурлинов во Барнли во Чемпионшип, по што Македонецот отиде на позајмица во Шалке. Поврзаноста на нашиот фудбалер со Белгиецот беше интересна за германските медиуми, па тие го прашаа за негово мислење.

„Тој е многу амбициозен и секогаш се обидува да го извади најдоброто од своите фудбалери на секој тренинг и на секој натпревар. Мислам дека тоа ќе го прави многу добро во Баерн. Беше многу успешен како играч, што исто така има ефект врз неговите фудбалери. Има победнички менталитет и тоа е добро за Баерн во овој момент. Верувам многу во него, тој е одличен тренер и не мислам дека ќе има било каков проблем во Баерн. Исто така е одличен и од човечка гледна точка. Кога бев болен, дојде во болница и ме посети, секогаш ќе има посебно место во моето срце. Работеше со години под водство на Пеп Гвардиола, тој е примерок на школата на Гвардиола, носи сѐ што научил од Пеп. Се обидува да ги развие своите фудбалери на многу детален начин. Исто така многу добро работи со млади фудбалери. Мислам дека ќе направи големи работи во Баерн“, изјави Чурлинов за „Скај Спорт Германија“.

Во наредните денови се очекува Баерн Минхен и официјално да го промовира Компани во нов тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани