Чави нема да му прости на Лапорта – знае како ќе се одмазди!

by Стефан
2 минути читање

Eкипата на Барселона во текот на вчерашниот ден го потврди заминување на Чави Ернандез од клупата и натпреварот против Севиља ќе биде последен за шпанскиот стратег. Чави се очекува да го наследи Германецот, Ханси Флик.

Во последните месеци Чави во Барселона се најде во една чудна ситуација. Самиот тој во јануари објави дека ќе замине на крајот од сезната сметајќи дека на тимот му е потребно освежување.

Но, по таа негова објави Барселона започна да игра подобро и да бележи добри резултати, па Лапорта и соработниците долго време го убедуваа да остане. Кога Чави прифати и пред неколку недели објави дека одлучил да остане сите мислеа дека сагата тука заврши, меѓутоа не беше така.

По натпреварот со Алмерија во Ла Лига Чави на прес-конференцијата зборуваше за лошата финансиска ситуација во клубот и во раководството тоа го сфатиле како лична критика и сега тие одлучија да го сменат.

Поради таквиот однос шпанските медиуми денеска пренесуваат дека Чави нема да и прости на Барселона и ќе си ја бара оштетата од договорот. Информациите од шпанските медиуми се дека Лапорта на Чави ќе треба да му исплати околу седум милиони евра, додека осум треба да се поделат помеѓу стручниот штаб на шпанскиот стратег.

Ако се останеше на ситуацијата во јануари, Чави самиот порача дека нема да бара оштета, меѓутоа поради лошиот однос на клубот сега работата е поинаква. За Барселона тоа секако може да биде проблем бидејќи финансиската ситуација се уште не е на потребното ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани