82
Супер талентот на Милан Франческо Камарда роден 2008 година утре за првпат ќе настапи во најсилната италијанска конкуренција како стартер.
Португалскиот тренер на клупата на Милан, Пауло Фонсека на денешната прес-конференција пред натпреварот потврди дека Камрда утре ќе стартува од првата минута.
„Можам да ви потврдам дека Франческо Камарда против Каљари утре ќе започне од првата минута“, кратко изјави Фонсека.
Камарда има само 16 години и очекувањата од него се големи, па ќе видиме како ќе се снајде во својот прв старт во најсилната италијанска конкуренција.
Натпреварот помеѓу Каљари и Милан се игра утре од 18:00 часот.