166
Ансу Фати по позајмицата во Брајтон се врати во Барселона, младиот фудбалер се надева дека ќе остане во каталонскиот клуб и таму ќе ја продолжи кариерата.
Позајмицата во Брајтон помина делумно успешно, Фати се соочуваше и со бројни повреди, но одигра натпревари во Премиерлигата на кои го покажа својот квалитет.
„Мојот план е јасен, сакам да успеам во Барселона“, рече Фати за „Мундо Депортиво“.
„Луѓето мислат дека сум повреден, но добар сум, 100 проценти сум подготвен за Барса следната сезона“.
„Поминав многу време во теретана, давам сѐ од себе да бидам во одлична форма. Сакам да успеам во Барселона“.